Оваа напредна програма за обука за комуникација во кризни ситуации опфаќа ПР стратегија за интерна и екстерна комуникација, за традиционалните и социјалните медиуми. Обуката вклучува реални симулации на кризни ситуации во форма на снимање интервјуа со нашите искусни новинари. Целта на овој тренинг е да им се овозможи на учесниците да ја препознаат кризната состојба и соодветно и проактивно да одговорат на неа, како и да го дефинираат системот за комуникација за време на кризата. Тренингот вклучува запознавање на учесниците со одговорности во кризниот тим и запознавање со фазите и достапните алатки за успешно решавање на кризата.